Најмалку три лица се повредени во саботата во холандскиот град Хаг, кога маж вооружен со нож почнал да напаѓа случајни минувачи, пренесува електронското издание на дневниот весник De Telegraaf.
Според сознанијата на весникот, мажот нападнал гостин во кафуле кое се наоѓало недалеку од Хашкиот универзитет, по што излегол на улица и нападнал уште двајца случајни минувачи. На настраданите им била пружена итна медицинска помош на самото место, а подоцна биле пренесени во болница.
Напаѓачот бил сопрен со истрел во ногата и потоа приведен во полициска станица. Во моментов се води истрага за инцидентот. Весникот пишува дека мажот од претходно ѝ бил познат на полицијата по „невообичаено однесување“ и оти бил болнички третиран.
videohttps://www.telegraaf.nl/nieuws/2002579/schietende-agenten-den-haag-gefilmd-