Напад со нож врз полицајци пред Бакингемската палата во Лондон

© AP Photo / Sarah Cobbold

Засега неидентификуван маж е приведен во петокот ноќта во центарот на британската престолнина Лондон откако со нож нападнал двајца полициски службеници во близина на Бакингемската палата, соопшти Скотланд јард.

Според првичните информации двајцата полицајци биле полесно повредени и веднаш им била укажана медицинска помош, пренесува BBC. Мажот ги нападнал офицерите откако тие се обиделе да го задржат.

Во моментов во областа на резиденцијата на британското кралство семејство распоредени се бројни полициски возила, пренесува Associated Press.

„Мажот кој имал нож го запреле полицајци кај Бакингемската палата, а во текот на приведувањето двајцата полицајци претрпеле помали повреден на рацете“, соопшти лондонската полиција.

Од почетокот на годинава во Велика Британија се случија четири терористички напади во кои беа убиени 36 лица и нивото на безбедносна закана е подигнато на „сериозно“ што значи дека терористички напад е многу веројатен.