Неколку лица се повредени во напад со нож во западниот германски град Оберхаузен во четвртокот вечерта, пренесуваат германските медиуми. Осомничениот бил уапсен, пренесува Ројтерс.
Германскиот портал ВАЗ наведува дека повредените се во критична состојба и се на интензивна нега. Портпаролот на полицијата Кристоф Викхорст не даде информации за мотивите на злосторството.
Тој потврди дека повредените во нападот имале рани со нож. Истрагата е во тек.