Полицаец кој управувал службено возил бил нападнат и ранет со нож во понеделникот утрото во Кан на југоистокот на Франција, а од полициски извори брифираат дека напаѓачот извикувал дека тоа го прави во името на пророкот Мухамед, а медиумите наведуваат дека станува збор за маж со потекло од Алжир.
Француските медиуми објавија дека во понеделникот утрото непознато лица пред полицискиот комесаријат во Кан со нож нападнало полициско возило во кое имало тројца полициски службеници. Полицаецот кој управувал со возилото бил ранет и е во критична состојба, според медиумите, но официјално се наведува дека нема повредени и оти еден од нив се спасил благодарејќи на панцирот.
Полицаецот бил спасен благодарејќи на заштитниот елек, навеле неиуменуван полициски извори за агенцијата AFP.
Нападот во еден од централните квартови на Кан бил изведен околу 6,30 часот по македонско време. Осомничениот се доближил до полициското возило паркирано пред полициската станица и отворајќи ја вратата од возилото неколкупати со нож го избодел полицаецот кој бил зад воланот. Потоа се обидел да го нападне вториот член од патролата, но третиот полицаец успеал да отвори оган од службеното оружје и го неутрализирал напаѓачот. Неговата состојба се оценува како критична.
Француското обвинителство за тероризам сѐ уште не е вклучено во истрагата, меѓутоа министерството за внатрешни работи ја разгледува верзијата за тереростичка заднина на нападот.
„Се разгледува терористички мотив“, напиша на Twitter францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен, Додаде дека „агресорот“ е неутрализиран и најави дека ќе отпатува во Кан.
Напаѓачот и идентификуван како доселеник од Алжир кој имал дозвола за престој во Италија, пишува весникот Figaro. Идентификуван е како Лахдар Б., роден во Алжир во 1984 година.
И извори на телевизијата BFM TV потврдиле дека нападот врз полициската патрола во Кан ги извршил 37-годишен маж по потекло од Алжир. Според овој извор, напаѓачот порано не ѝ бил познат на полицијата и на правосудните органи. Истрагата сѐ уште нема информации кога точно пристигнал во Франција. Според телевизијата, која се повикува на очевидци, напаѓачот при нападот го извикувал името на пророкот Мухамед.
Во текот на изминатите пет години изведени се најмалку 17 терористички напади на француска територија. Последниот е потврден април годинава, кога 36-годишен маж по потекло од Тунис смртно рани полицаец во зградата на комесаријатот во париското предградие Рамбује. Според полицијата, од 2017 година специјалните служби успеале да спречат 36 терористички напади планирани во Франција.