Напад со секира по најава на социјалните мрежи

Изминатата ноќ светиниколската полиција добила пријава за закани и обид за напад со секира, кои дошле откако пријавениот претхоно слични закани упатувал преку социјалните мрежи.

Случајот бил пријавен во вторникот, малку по 21 часот во Полициската станица Свети Николе. Именот, 43-годишниот А.В. од селото Лозово пријавил дека во селото Сарамзалино, општина Лозово, тамошниот жител, 35 годишниот Б.В. му упатил закани и се обидел да го нападне со секира.

Според пријавеното, претходно, Б.В. на социјалната мрежа Facebook, исто така, упатил закани по неговиот живот.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.