Властите на самопроглесената молдавска Приднестровска република објавија во сабота дека регионот кој се наоѓа близу укранската граница во текот на изминатата ноќ бил четири пати нападнат, најверојатно со дронови.
Министерството за безбедност на Приднестровје, објави и форографии од нападите во коишто нема повредени.
Нападите биле изведен во округот Рибница на северот од регионот. Руските војници ја чуваат воената база со големо складиште на муниција од советскиот период во овој округ на границата со Украина.
Во соопштението на властите во Тираспол не се наведува кој се сомничи за овие напади, но за претходните три терористички напади рече дека извршителите дошле од територијата на Украина.
Киев негира дека е вмешен во претходноте напади во Приднестровје и очекувано ја обвинува Русија дека наводно дека сака да предизвика војна, иако украински функционери претхдниот период изјавуваа дека Украина е подготвена да го заземе регионот доколку тоа го одобри Молдавија.
Украина е подготвена да го заземе Приднестровје, изјави na 27-ми април Олексиј Арестович, советник во кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски/
„Да, би се справиле некоако, но тоа е територија на соверена Молдавија, само по апел од молдаваската страна. Можеме да се справиме доколку е потребно“, идговори Арестович на прашањето дали Украина е во состојба да го заземе споменатиот отцепен молдавски регион.
Последниот период во непризнатата проруска Приднестровска молдавска република без изведени неколку терористички напади, врз министерството за безбедност, радио-комуникациски антени и во близина на воена локација. Извори во Тираспол изјавија дека нападите ги извршиле три засега неидентификувани лица кои влегле од територијата на Украина.
Покрај тоа, властите на самопрогласената република известија дека од украинска територија бил отворен оган во правец на селото Колбасна, каде што се наоѓаат воени магацини.
На територијата на Приднестровје од 1990-те години е распоредена оперативна група на руските војски, која ја земни 14-та комбинирана армија, којашто по распадот на СССР беше поставена под јурусдикција на Русија. Нејзината главна задачќе е мировната мисија и заштита на воените складиште.
Молдавската влада минатиот петок изрази загриженост откако заменикот-командант на рускиот Централен воен округ, генерал-мајорот Рустам Минекаев, зборувајќи за целите на руските воени дејствија во Украина е да се спојат обласите под контрола на руските сили во Украина што ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.
Контролата на југот на Украина, според Минекаев, ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.
Приднестровје, или Трансдњестрија, каде што главно живеат Руси, русофони и Украинци, во 1990 година, пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на оваа земја, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Приденстровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.
Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои се вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина.
Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Придњестровје како и барањето за присоединување кон Русија.