Нападите на грчките хакери траат речиси три седмици, цели се клучните македонски институции

Грчките хакери оперираат низ безбедносниот систем на повеќе институции во Македонија од 23-ти јануари, а цели се компјутерските системени на виталните инститици на земјата како Владата, министерството за надворешни работи, за образонавание и наука, централната банка на земјата, мобилниот оператор Телеком…

Хакерска група Powerful Greek Armу, која два дена ровари во безбедносниот систем на Министерството за образование инаука под хаштагот #opENDMacedonia споделува и информација дека обезбедила пристап и од Владата. Грчките хакиери успеале да го пробијат сигурносниот систем и на Владата, а во информацијата на мрежата за микроблогирање порачуваат дека „имаат очи насекаде“.

Во објавата, покрај снимката којашто би требало да ја потврди веродостојноста за кибернетичкиот напад, се наведува и дека е преземена контролата врз базата на податоци на министерството. Се наведува и дека хакерите имаат целосен пристап и до системот на надзорните камери.

Засега нема официјална потврда за овој наводен хакерски напад. Досега од Министерството за образование не се огласија ниту за упадот, ниту за тоа дали некои фајл е уништен или компромитиран и дали можеби хакерскиот напад сѐ уште е во тек.

Материјалот којшто се споделува акаунтот на мрежата за микроблогирање, се добива впечаток дека снимките од надзорните камери бил пренесуван во живо.

 

Грчките хакери, кои се идентификуваат како Powerful Greek Army на Twitter порачуваат дека „во оваа операција сета инфраструктура и безбедноста на интернетот на Македонија ќе бидат парализирани, симнати и уништени. Тоа ќе биде убедливо најголемиот и најголем сајбер напад што некогаш го претрпела земјата. Ние сме Моќна грчка армија. #OpEndMacedonia #PGA“.

Иако нападите траат подолго време, а цели биле и Народната бакна и Телеком и Министерството за надворешни работи, нема ниту збор од Министерството за внатрешни работи, пишува порталот Република.мк.