5.8 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2025

Нападнал вработена во Гостиварската болница откако мајка му починала

Во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ вчера околу 15 часот за укажување на лекарска помош била примена 78-годишната И.Р. од гостиварско Сенокосе, која за кусо време починала на Интерното одделение.

-Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена во ова Одделение и агресивно се однесувал, удирајќи по инвентарот во внатрешноста на просториите, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.