Според адвокатот на Абдеслам, тој доживеал психичка тортура од непознатото лице. Во изјава за „Соар“, Мари вели дека на одреден период тој морал да ја затвори својата адвокатска канцеларија за да ја зачува безбедноста на своите вработени.
Исто така, адвокатот признал за весникот дека изминатиот период добил стотици навредливи пораки затоа што го брани Абдеслам, кој според последните информации од истрагата, дефинитивно учествувал во организацијата и на завчерашните терористички напади во Брисел, каде во напади на аеродромот „Завентем“ и на метро станицата Малбек, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а најмалку 250 други се ранети.
Весникот „Соар“ објави и дека Свен Мари не ја прифатил понудата од полицијата за негова заштита, но додал дека да знаел за терористичките напади во Брисел, „најверојатно никогаш“ нема да се нафати да го брани Салах Абдеслам.