![policija1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/policija1.jpg?resize=640%2C297&ssl=1)
Две лица од кичевското село Зајас, Ш.Ј. (58) и неговиот син Ш.Ј (25), денеска, околу 11 часот, на булеварот „Ослободување” во Кичево, започнале вербална расправија, а потоа со метални предмети физички ги нападнале Ф.А. (33) и Н.Б. (42) од Кичево.
Тие се пренесени во Општата болница каде им биле констатирани телесни повреди. По преземени мерки, напаѓачите се пронајдени и приведени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски.
Имено, сегашниот и поранешниот директор на кичевската гимназија „Дрита”, се нападнати од поранешен вработен во ова установа.