Триесет и седумгодишниот Ј.И. од Пирок, лекар во тетовската Брза помош, пријавил дека ноќеска околу 4 часот бил нападнат од 21-годишниот тетовец А.А.
-Во тоа време, пријавениот заедно со мајка му со возило го донеле нивниот татко и сопруг и побарале тој да се прегледа и да му се укаже лекарска помош. Откако Ј.И. го сторил тоа и ги упатил на Интерното одделение, синот А.А. започнал да го навредува, да му се заканува и со отворена дланка го удрил по десното рамо, информираат од СВР Тетово.
Дваесет и едногодишниот А.А. денеска е повикан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.