Нападнат новинарот Мартин Арсов од Кристина Депо – задолжена за односи со јавност во Град Скопје

„Денеска по вклучувањето во живо во вестите, физички бев нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да чуе дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска“, истакнува новинарот на ТВ Сител Мартин Арсов вообјавата на Фејсбук и додава:
„Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот. Откако ја прашав што прави и дека не смее да ме удира, таа дрско и безобразно ми рече дека има право, оти можело да ја снимам. Наместо да се извини, ми рече дека сум некултурен бидејќи сум ѝ се обратил со Ти. Дополнително, ми рече дека веќе нема да одговори на ниту едно прашање што би ѝ го поставил.
Барам да реагира Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ бидејќи ова е класична тортура и притисок врз новинарите“!