Нападнат основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија

Бранко Синадиновски, основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија е нападнат во понеделникот напладне.

Телевизијата Алсат М дознава дека Синадиновски е нападнат физички од две непознати лица во скопската населба Аеродромм, во близина на неговиот дом. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивоти за инцидентот.

Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија.

Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.