СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ш.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 28.09.2023 во близина на с.Голиово, Општина Чучер Сандево, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.