Украинските сили гранатираа цивилен речен премин во поранешниот украински град Херсон доцна во четвртокот, при што загинаа најмалку четири лица, соопштија локалните власти.
Нападот се случи додека луѓето се евакуирале од десниот брег на реката Днепар, по наредба издадена претходно оваа недела, објави РТ.
Гувернерот на регионот Херсон, Владимир Салдо, го објасни потегот со зголемување на украинските напади врз градот и загриженоста дека областа може да биде поплавена доколку војниците на Киев ја уништат браната на хидроцентралата Каховскаја.
Локалната здравствена служба соопшти дека во нападот биле ранети и 13 лица. Неофицијално меѓу повредените има деца и новинари.
Според службите за итни случаи, во украинскиот напад во Херсон биле користени повеќекратни ракетни фрлачи HIMARS, испорачани од САД.
Околу 15.000 жители на Херсон досега се преместени на левиот брег на реката Днепар, рече Стремусов во четвртокот, додавајќи дека е планирано да се евакуираат вкупно 60.000.
Регионот Херсон беше официјално прогласен за дел од Русија на почетокот на октомври, заедно со регионот Запорожје и Народните републики Доњецк и Луганск, откако луѓето на тие територии со големо мнозинство го поддржаа потегот за време на референдумите.