Нападнат шопинг центар во Багдад, најмалку 18 лица убиени (ВИДЕО)

Нападнат шопинг центар во Багдад, најмалку 18 лица убиени
Нападнат шопинг центар во Багдад, најмалку 18 лица убиени
Најмалку 18 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на автомобил бомба, подметната пред еден шопинг центар во Багдад. Четворица напаѓачи потоа упаднале во самиот центар и зеле заложници, јавуваат светските агенции повикувајќи се на полициски и лекарски извори.

Во центарот во Џавахер, во источниот дел на Багдад, каде живеат главно шиити, се верува дека се заробени меѓу 50 и 75 лица, а изворите наведуваат дека напаѓачи можеле да се видат и на покривот од центарот, што во моментов е опкружен со полиција и војници, пренесуваат американските медиуми.

Меѓу загинатите најмалку тројца се полицајци, наведуваат медиумите.

Ирачката државна телевизија, цитирајќи го портпаролот на Министерството за внатрешни работи, јави дека безбедносните сили го опколиле местото на терористичкиот напад, пренесуваат британските медиуми.

bagdad1

Исламска држава, која го контролира подрачјето на север и запад од Ирак, ја презеде одговорноста за нападот. ИСИС редовно ги напаѓа шиитските квартови и безбедносните сили во престолнината.

bagdad2

Претходно денеска три лица беа убиени, а осуммина ранети во експлозија на бомба во близина на ресторан во Бакуба, на 65 километри североисточно од Багдад, и за овој напад одговорноста ја презеде Исламска држава.

عاجل | لحظة انفجارالمفخختين في منطقة #بغداد_الجديدة

Posted by ‎قناة سامراء الفضائية Samarra Tv‎ on понеделник, 11 јануари 2016