Вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Гостивар вчера бил физички нападнат од две лица.
– Во Полициската станица Гостивар вчера околу 16:45 часот биле лишени од слобода Е.Х.(21) од село Лакавица и М.Х.(51) поради физички напад врз И.К.(42) од село Здуње, гостиварско, вработен во Ј.П.„Национални шуми – Гостивар“. Според пријавеното, И.К., вршејќи контрола на атарот на Лакавица, забележал патничко моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х., а натоварено со огревни дрва без документи. Набрзо на местото дошол и М.Х. и по кратка вербална расправија, тој физички го нападнал И.К, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција и по целосно документирање на случајот против Е.Х и М.Х ќе биде поднесен соодветен поднесок.