![grcka policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/grcka-policija.jpg?resize=480%2C320&ssl=1)
Најмалку четири куршуми се испукани кон резиденцијата на амбасадорот на Германија во Атина рано утрово, повредени нема и не е причинета материјална штета.
Куршумите завршија во металната капија на резиденцијата зад заштитниот ѕид во многу прометна улица во грчката престолнина.
Полицијата пронашла куршуми во тоа подрачје, а неименуван извор од полицијата рекол дека во тој напад учествувале две лица.
Грчкиот премиер, Антонис Самарас, разговарал со амбасадорот на Германија во Атина, Волфганг Долд по инцидентот.