Едно лице е убиено во вооружен напад на католичка црква во Истанбул за време на молитва, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува „РИА Новости“. Според првичните информации, едно лице загинало, а неколкумина се ранети.
– Денеска во 11 часот и 40 минути, како последица на вооружен напад на католичката црква Света Марија во квартот Сариер во Истанбул, на северот од градот, е убиен државјанин Д.Т. – напиша министерот Јерликаја на Х.
Тој изјави дека двајцата напаѓачи носеле маски и дека „учествувале“ во неделната молитва. Јерликаја објави дека напаѓачите побегнале, полицијата трага по нив, а мотивите за нападот се уште не се познати, пишува српски Информер.