Нападнати американскиот Конзулат и полициска станица во Истанбул (ВИДЕО)

Нападнати американскиот Конзулат и полициска станица во Истанбул
Нападнати американскиот Конзулат и полициска станица во Истанбул

Две непознати лица отвориле оган врз објектот на американскито Конзулат во Истанбул, еден час откако експлодирал автомобил-бомба пред полициска станица, објави Милиет.

Најмалку десет лица се повредени во експлозијата кај полициската станица, а меѓу нив има и тројца полицајци.

Во нападот на американскиот Конзулат,  по кој имало престрелка меѓу напаѓачите и полицијата, нема жртви. Двајцата напаѓачи успеале да побегнат, пренесува.

Во зградата на американскиот Конзулат се испратени тимови за деактивирање бомби. Дел од локалните медиуми јавија дека еден од напаѓачите се скрил во куќа која е опколена од полицијата.

Сеуште не е потрвдена поврзаност меѓу овие два напади.

Турција на готовс по потпшување на договорот за „синхронизирани војна против теророт”

Турција е во состојба на зголемена готовност, откако минатиот месец потпиша договор со силите на меѓународната коалиција предводена од САД за „синхронизирани војна против теророт”, со што почна и воздушни напади врз Исламската држава во Сирија и курдските милитанти во северен Ирак.

Американскиот дипломатски мисии беа цел во Турција во минатото.