Поголема група од околу 7-8 луѓе, синоќа ги нападнале новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски од Македонско Радио.
Нападот се случил на излез од угостителскиот објект „Александрија“.
Мотивот за нападот и идентитетот на напаѓачите засега се непознати.
Пред нападот немало никаква причина или претходна расправија. На лице место била повикана полиција.