Тројца политичари од евроскептичната и протидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) беа нападнати во два одвоени инциденти во саботата вечерта во Германија ден пред започнувањето на изборите за Европскиот парламент, во заднината на организираните протести во неколку германски градови против оваа партија од крајната десница.
Двајца градски советници на AfD биле нападнати од маскирани напаѓачи пред кафуле во центарот на Карлсруе. Тие се полесно повредени.
Полицијата привела пет лица за овој инцидент и ги ослободила откако им ги земала личните податоци. Останатите осомничени сторители побегнале од местото.
AfD соопшти дека градските советници биле нападнати со бејзбол палка. Полицијата ниту потврди, ниту демантираше во контекстот да хајката којашто во Германија на ниво на етаблирани медиуми, државниот апарат на репресија и мејнстрим медиумите се води против оваа партија од крајната десница која за неполна година стана втората по сила партија во земјата.
Според AfD, нападот бил поттикнат од радикалната лева сцена.
Претходно во саботата, 70-годишниот Ханс-Јирген Зиклер, член на AfD во покраинскиот парламент во сојузната покраина Саксонија, бил удрен со бокс во лицето од маж на информативен штанд во Дрезден, соопшти партијата.
Полицијата во Дрезден го потврди инцидентот. Против осомничениот напаѓач кој има 47 години е поднесена кривична пријава.
Во Германија во изминатите неколку месеци имаше напади врз политичари од целиот политички спектар, но најчесто цел се политичарите од крајната десница.
Кандидат за општински совет, 62-годишниот Хајнрих Кoх од AfD беше нападнат и ранет со нож во западниот град Манхајм доцна вечерта во вторникот. Мажот е повреден, а еден од тројцата насилници бил приведен. Полицијата во Манхајм само потврди дека е извршена полициска операција.
Инцидентите зачестија откако пред една седмица германски полицаец беше избоден до смрт, исто така во Манхајм на антиисламски митинг. Полицаецот беше нападнат откако се обиде во рамките на неговите задачи да го заштити антиисламистот Михаел Штурценбергер, кој на главниот плоштад во Манхајм постави штанд за неговата организација PAX Europe, позната по својата пропаганда против муслиманите во Германија.
Нападот во Манхајм, кој го изврши 25-годишен Авганистанец кој од 2014 година живее во Германија, како и неодамнешната пресуда против Палестинец кој уби двајца тинејџери со нож во локален воз на крајот на минатата година, повторно ја разгореа дебатата за насилството меѓу мигрантите во Германија.
Берлинскиот дневен весник Berliner Zeitung претходно објави најновата статистика за градот-федералната држава Берлин, која укажува дека странците се сторители во повеќето случаи кога станува збор за напади со нож, коишто, според полициската статистика, „се случувале на дневен основа“ во 2023 година.
Меѓу напаѓачите, 53 отсто се лица без германско државјанство, иако странците во Берлин сочинуваат 24 отсто од населението. Од сторителите со германски пасош, 17 отсто од нив имаат и друго државјанство. Најголем дел од сторителите се државјани на Турција, Сирија, Бугарија и Авганистан.
Во петокот вечерта данската премиерка Мете Фредериксен беше нападната во центарот на Копенхаген и немаше видливи надворешни знаци на повреда во нападот. Напаѓачот е полски државјанин кој подолго време живее во Данска, а според полицискиот извештај бил под дејство на алкохол и дроги и не знаел всушност кого напаѓа.
Нападот се случи два дена пред Данците да излезат на гласање на изборите за Европскиот парламент. Изминатата седмица во Германија се случија два напада со нож врз политичари со крајно десна ориенатација, а пред три седмици во атентат беше тешко ранет словачкиот премиер Роберт Фицо.