Нападнати вработени во обезбедување во скопско казино

Вработени во обезбедување во скопско казино вчера биле нападнати од две алкохолизирани лица, откако персоналот одбил да ги послужи со алкохол.

Како што соопштуваат од МВР, инцидентот се случил вчера околу 19.40 часот додека биле на работно место како обезбедување на имот и лица во казино „Адмирал“ лоцирано на ул.„Никола Вапцаров“.

Во еден момент во казиното влегле две непознати машки лица, во видно алкохолизирана состојба, и откако почнале да играат на масата за рулет едното од нив побарало алкохолен пијалок, по што од страна на вработената не му бил даден пијалокот.

Истиот започнал да се расправа со персоналот и да се заканува и во еден момент со тупаница го удрил Д.П. во пределот на градите, по што во нападот се вклучило и другото лице кое го удрило со тупаница во пределот на тилот, извадило нож на расклопување и почнало да замавнува, по што и двете лица почнале да го бркаат и повторно физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на телото.

Во тој момент пристигнал неговиот колега Д.Б. кој исто така бил нападнат од двете лица и бил удиран го со тупаници во пределот на телото.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.