Нападнато Основното јавно обвинителство во Гостивар

Во просториите на Основното јавно обвинителство кај вработениот А.Л.(61) од Гостивар, ненајавено влегол Ш.М. од с.равен-Гостивар, и на вработените им се заканувал по животот и телото, соопшти МВР.

Напаѓачот на јавниот обвинител му се обратил со зборовите:„Тебе ќе те чекам во кај с.Здуње и ќе те пукам“.

По ова излегол надвор и почнал да чука по прозорците од канцеларијата на обвинителот и заминал во непознат правец.

За време на настанот што се случил вчера околу 11. 00 часот биле присутни повеќе службени лица вработени во Основното јавно обвинителство во Гостивар.