
Полицијата во Мелбурн соопшти дека денешниот напад во кој беше убиено едно лице, а три се повредени, го истражува како терористички инцидент.
Во центарот на градот беа избодени тројца луѓе, од кои едно лице почина. Напаѓачот беше застрелан од страна на полицијата, по што е префрлен во болница и се наоѓа во критична состојба.
Австралиските медиуми јавуваат дека втората жртва има повреда на главата, а состојбата на третото лице не е позната.