![1507951207](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/1507951207.jpg?resize=640%2C363&ssl=1)
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Twitter во вторникот вечерта по повод нападите во кои во Њујорк загинаа осум лица а најмалку уште 11 се ранети, нарекувајќи го напаѓачот „многу болна и неурамнотежена личност“.
Градските власти внимателно го истражуваат овој случај, напиша уште на социјалната мрежа американскиот претседател Доналд Трамп кој објавата ја заклучува со зборовите „Не во САД!“.
И првата дама Меланија Трамп на социјалната мрежа постави објава како реакција на нападот: „Срцето ми е скршено поради #NYC. Мисли и молитви додека ја следиме ситуацијата“.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, на прес-конференцијата го нарече нападот „кукавички терористички напад“. „Врз основа на информација со коишто распоалгаме, станува збор за терористички чин. Ова е тежок ден за Њујорк“, додаде де Блазио.
На конференцијата за новинарите покрај градоначалникот присутуваше и комесарот на њујоршката полиција Џејмс О’Нил кој изјави дека напаѓачот е 29-годишен маж, но првично одби да го оккрие негвоиот идентитет.
Но теелвизиската мрежа NBC News подоцна наведе дека напаѓачот на њујоршки Менхетен 2 29-годишниот Сајфула Хабибуљаевуч Саипов, кој во САД се преселил во 2010 година, а имал возачка дозвола издадена во Тампа на Флорида.
Според пишувањето на повеќе медиуми меѓу кои и The New York Post и The Daily News, возачот извикувал „Алаку Акбар“ (Господ е голем) кога излегол од камионетот, меѓутоа оваа информација офицјално не е потврдена.
Возачот на камионетот откако прегазил неколку луѓе, излегол од возилот со два предмаета во разете кои наликувале на пиштоли. Полицијата на него отворла оган и го ранила во стомакот, по што е успен. Во моментот Саипов е хоспитализиран и е вон животна опасност.