![напад](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/napad-1.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Напаѓачот во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен е 18-годишен Ирaнец од Минхен, изјави утрово шефот на полицијата Хубертус Анде на прес-конференција додавајќи дека мотивите за злосторството засега не се познати.
По нападот момчето извршило самоубиство. Никој друг не е осомничен за пукањето во кое загинаа 8 лица, а најмалку 21 е рането.
Нападот се случи во трговскиот центар „Олимпија“ на околу 5 километри северозападно од центарот на Минхен.
Телото на напаѓачот е пронајдено на околу 1 километар од трговскиот центар. Црвениот ранец пронајден во близина на телото и е испитан на експлозив, но истрагата продолжува.