Напаѓачот уапсен, Холандија го намали нивото на тревога

Холандската полиција соопшти дека го уапси осомничениот напаѓач од Утрехт.

Претходно, турската новинска агенција Анадолија објави дека осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот.

Холандските власти го намалија нивото на терористичка закана во централниот град Утрехт, на четврто од петто ниво, по апсењето на осомничениот во смртоносниот напад во трамвај.

Според властите, одлуката  е донесена по „апсењето на главниот осомничен за нападот”.

Нивото на терористичка закана сега е на четврто ниво како и во останатиот дел од Холандија

Одлуката дојде набрзо откако полицијата објави за апсењето  на прес конференција пренесувана од националната телевизија.

Три лица загинаа во денешниот напад, а петмина се повредени од кои тројца се со сериозни повреди, соопшти полицијата.

Таткото на осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт кој е роден во Турција, рече дека сака синот да му биде казнет ако навистина е извршител на нападот.

– Ако го направил тоа, треба да биде казнет, изјави Мехмед Таниш татко на Ѓокмен Таниш.

Холандската полиција го уапси 37-годишниот Ѓокмен Таниш роден во Турција по нападот во трамвај во Утрехт.