Напаѓачот во Крајстчрч обвинет за 50 убиства, уште еден приведен а двјаца ослободени

Австралискиот екстремист Брентон Тарант обвинет е на новозеландскиот суд за убиство на педесет луѓе, според најновите податоци, ден по масакрот во двете џамии во Крајстчрч, а полицијата соопшти во неделата дека две од уапсените лица не учествувале во нападите но и дека привела уште еден осомничен.

„Бројот на убиените луѓе во оваа ужасна трагедија во моментов се зголеми на 50“, рече на прес-конференција началникот на новозеландската полиција Мајк Буш, официјални коригирајќи ја досегашната бројка на смртно настрадани од 49 лица. Бројот на жртвите се зголеми откако уште едно тело е пронајдено по извлекувањето на труповите од џамиите ал-Нур и Линвуд.

Буш, исто така, рекол дека полицијата продолжува да работи на извлекувањата на телата на убиените од џамиите, како и дека следните денови ќе започне нивното идентификување.

„Утрово (недела по локално време) во џамијата ал-Нур најдовме тело на уште еден загинат, така што бројот на жртвите во терористичкиот напад порасна на 50. Уште 36 луѓе продолжуваат со лекувањето во болницата во округот Кантербери, и 11 од нов се во критична состојба. Исто така, во многу сериозна состојба и натаму е четиригодишно девојче настрадано во нападот, кое вчера лекарите ја пренесоа во болнциата во Окленд“, додал полицискиот началник Буш.

Дваесет и осумгодишниот поранешен инструктор по фитнес, самопрогласен „фашист“, беше мирен во текот на читањето на обвинението на кусото сослушување на коешто од безбедносни причини можеа да учествуваат само новинари.

Во бела затвореничка облека со лисици на рацете, и придружуван од двајца вооружени полицајци, Тарант со десната рака го направи знакот „ОК“ спојувајќи го палецот и показалецот, што е симбол на препознавање на белечките расисти.

Брентон Тарант останува во притвор до следното сослушување закажано за 5-ти април. Две лица кои биле уапсени веднаш по нападите врз џамиите во петокот не се вмешани во масакрот кој го извршил Австралиецот, објави полицијата во саботата по македонско време. Полицискиот портпарол рече дека полицијата ги привела двете лица поради поседување оружје, но тие не се директно вмешани во нападите.

Полицијата на Нов Зеланд набргу потоа во објава на својот официјален профил на Twitter потврди дека е уапсено уште едно лица во врска со терористичките напади врз џамиите во Крајстчрч.

„Можеме да потврдиме дека во текот на истражните дејствија приведен е во местото на живеење на обвинетиот за убиствата 28-годишен маж во Данидин. Во моментов тој е во полициска станица, а иследниците работат со него. Доњега немаме основи за подигнување обвинение против него, поврзано со нападот, но истражните дејствија продолжуваат“, рекол началникот Буш на брифингот со новинарите.

И шефот на новозеландската полиција потврдил дека двете лица кои во петокот беа уапсени под сомневања за учество во нападите врз џамиите, во оваа фаза од истрагата се ослободени од сомневањето за организацијата на терористичкиот чин. Еден од нив е обвинет за дело кое не е поврзано со нападот, а другиот е ослободен.

Полицијата, исто така, апелираше до жителите на Крајстрчрч да се вратата на секојдневниот живот. Џамиите ал-Нур и Лингвуд во овој град остануваат затворени до завршувањето на на истрагата. Другите џамии на Нов Зеланд, претходно затворени по барање на полицијата, може да започнат со работа, но полициската контрола над нив ќе биде засилена.