
Што мислите, кои зборови во љубовта се посилни, изговорените или напишаните? Еве што вели науката…
Можете телефонски да и изјавувате љубов на девојката по сто пати дневно, но доколку никогаш не сте и напишале писмо или мејл, сте згрешиле.
Предноста на пишаниот пред изговорениот збор ја утврдиле и научниците од Универзитетот во Индијана врз основа на истражувањето, во кое студентите добиле страсни електронски пораки и говорни пораки. Емотивното возбудување на испитаниците било значително поголемо во првиот случај.
Кога пишуваме имаме можност да го кажеме токму тоа што го мислиме и чувствуваме, да го составуваме текстот внимателно бирајќи зборови, кои ќе ги изразат нашите чувства.
Личноста, која чита има доволно време да ги сфати сите информации, кои во разговорите често пати се губат и затоа напишете, па дури и само електронска порака. А секако можете да напишете и љубовно писмо, кое било и ќе биде еден од најромантичните гестови.