
Муштерија во сендвичара во американската сојузна држава Њу Хемпшир оставил невообичаено дарежлива напојница од 16.000 долари откако нарачал два хот-дога со пржени компирчиња.
Келнерите во „Stumble Inn Bar and Grill“, скромно бистро во градот Лондондери, веднаш не ја забележале астрономската сума на напојницата која ја дал непознатиот муштерија, извести локалниот телевизиски канал WMUR.
Сметката, вклучително со данокот, изнесувала 37,93 долари за двата хот-дога со чили сос и пржени компирчиња и пијалаци.
„Не трошете сѐ одеднаш“, рекол мистериозниот муштеријата додека плаќал со банкарска картичка, раскажал шефот на локалот, Мајк Зареља.
„О Боже, дали сте сериозен?“, реагирала касиерката на ресторанот, силно изненадена од сумата во земјата каде што вообичаено се остава 15 до 20 отсто додадок за услугите на персоналот.
„Сакам да ве наградам, тешко работите“, објаснил дарежливиот муштерија, раскажал Зареља, чие бистро неколку месеци било затворено во текот на пандемијата на коронавирусот.
Персоналот рамномерно ја поделил наполницата, а дарежливоста на клиентот ја споделиле и со готвачите.