Наполи без голманот Мерета најмалку еден месец

Актуелниот италијански фубалски шампион Наполи ќе биде без голманот Алекс Мерет најмалку еден месец, објавија италијанските медиуми во средата.

Италијанскиот репрезентатативец се повреди минатиот петок на натпреварот од 18. коло во кој неговиот тим ремизираше на домашен терен против Монца (0:0).

Испитувањата открија „дека Мерета претрпе лезија од втор степен на полумембранозниот мускул на левата бутина“, објави Наполи во вторникот вечерта.

Клубот, кој моментално е осми во италијанското првенство со 17 бода помалку од лидерот Интер, не соопшти колку Мерета ќе биде надвор од терените, но медиумите проценуваат дека тоа ќе биде најмалку четири седмици, а може да се продолжи и до 45 денови.

Наполи, кој веќе е без својот нигериски напаѓач Виктор Осимхен, кој ќе учествува на Африканскиот куп на нации (13 јануари – 11 февруари), како замена за Мерета за претстојните натпревари во првенството и за Суперкупот на Италија (18 јануари – 22) го воведува Пјерлуиџи Голини, кој и самиот се враќа по закрепнување на повреда.

Наполи во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Барселона. Првиот натпревар е закажан за 21. февруари на стадионот „Диего Армандо Марадона“.