Наполи го отпушти Маѕари и го ангажираше словачкиот селектор

Само 48 часа пред осминафиналето на Лигата на шампионите против Барселона, актуелниот италијански фудбалски шампион Наполи го отпушти тренерот Валтер Маѕари и го донесе соа краткорочен договор словачкиот селектор Франческо Калзона.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изненади многумина минатиот ноември со враќањето на Маѕари во клубот како замена за отпуштениот Руди Гарсија. Сепак, враќањето на Маѕари, кој веќе го водеше Наполи од 2009 до 2013 година, не се покажа успешно. По само 17 натпревари и само шест победи, 62-годишниот стручњак доби отказ.

Де Лаурентис првично планираше да почека до летото за да најде долгорочна замена за Маѕари, но лошите резултати го натераа да направи промена пред мечот на Наполи со Барселона во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Во изјава за Sky Sport, претседателот Де Лаурентис официјално објави дека Италијанецот Франческо Калзона ќе го наследи Маѕари. Актуелниот селектор на Словачка ќе го води тимот до крајот на сезоната, но и ќе ја задржи улогата на селектор и ќе ги води Словаците на Европското првенство летово.

Калзона со тоа стана третиот тренер на Наполи оваа сезона по Гарсија и Маѕари. Никогаш во историјата на Серија А не се случило шампионот да смени тројца тренери во сезоната по освојувањето на титулата.

Калзона веќе работеше во Неапол како асистент прво на Маурицио Сари меѓу 2015 и 2018 година, а потоа и на Лучијано Спалети (2021/22).

Наполи во среда го очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона, а Серија А е на деветтата позиција со 36 бодови, девет помалку од четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите.