Тимот на Наполи успеа да го совлада Интер на домашен терен со 1:0 и да обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Италија.
Победоносниот погодок беше дело на Аргентинецот Гонзало Игуаин во 93-та минута од натпреварот, откако по една грешка на капитенот на “нероазурите”, Андреа Ранокија остана осамен пред голот на Интер и стрелаше прецизно за пласман на неговиот тим во следната рунда од ова натпреварување.
Наполи во полуфиналето ќе игра против тимот на Лацио, додека пак во другото полуфинале ќе се сретнат Фиорентина и Јувентус.