Наполи и Пандев елиминирани од ЛШ

Пирова победа на Наполи над Арсенал

Најпознатиот македонски интернационалец, Горан Пандев и неговиот тим, италијанскиот калчолигаш Наполи, за жал не успеаа во намерата да изборат пласман во следната, 1/8 финална рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Наполи ја искористи предноста на домашниот терен и оствари заслужен триумф од 2:0 над лондонскиот премиерлигаш Арсенал, но избраниците на Рафа Бенитез имаа обврска да слават со најмалку три гола разлика во дуелот со директниот ривал за едно од девет места кои водат во следната рунда.

Пензионираниот репрезентативец на Македонија настапи до 57 минута, а потао беше заменет од репрезентативецот на Италија, Лоренцо Инсиње.

Освен Арсенал, палсман во 1/8 финалната рунда обезбедија и тимовите на Борусија од Дортмунд, Шалке, Зенит и Милан.

Резултати:

ГРУПА Е: Челзи – Стеауа 1:0, Шалке – Базел 2:0. Табела: Челзи 12, Шалке 10, Базел 8, Стеауа 3 бода.

 

ГРУПА Ф: Наполи – Арсенал 2:0, Марсеј – Борусија Д. 1:2. Табела: Борусија Д. 12, Арсенал 12, Наполи 12, Марсеј 0 бода.

 

ГРУПА Г: Атлетико М. – Порто 2:0, Австрија В. – Зенит 4:1. Табела: Атлетико 16, Зенит 6, Порто 5, Австрија В. 5 бода.

 

ГРУПА Х: Милан – Ајакс 0:0, Барселона – Селтик 6:1. Табела: Барселона 13, Милан 9, Ајакс 8, Селтик 3 бода.