Наполи се сопна од Верона, Елмас играше 73 минути!

аполи не успеа да го победи давеникот Верона и повеќе со паметот беше за реваншот во вторник во четвртфиналето во ЛШ со Милан, откако вечерва ремизираше без голови во меч со многу малку шанси за наполитанците од вообичаеното, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше 73 минути.

Наполи беше под просекот, дури откако Лучано Спалети ги стави Осимен, Кварацхелија, Лоботка и Зиелински, лидерот направи притисок, нигерискиот центарфор погоди и пречка, но Верона ја имаше шансата на мечот и да победи, но Сирил Нгонге кој истрча во контра од половина терен, на крај се посрамоти, шутирајќи крај голот како – аматер.

Наполитанците немаа ритам, ниту идеја како да го пробијат бункерот на Верона, која дојде да се одбрани и со четвртата најочајна одбрана успеа да остане со чиста мрежа. За Наполи ова беше 75-от бод сезонава и сега се на плус 14 пред вториот Лацио на осум кола до крајот, што значи дека им требаат уште десет бода за официјално да ја верификуваат првата титула во Серија А по 33 години пауза.

Верона со бодот дојде до 23 бода и сега е на само три од Специја во битката за опстанок.