Комерцијалните омекнувачи за алишта може да предизвикаат алергии и со оглед на тоа што содржат голем број хемикалии, може да бидат штетни по здравјето, затоа направете сами домашен омекнувач за алишта.
Во производството на омекнувачи се користат мириси што се исклучително штетни, посебно за децата. Затоа при перењето на облеката, посебно на детските, најдобро е да го избегнувате омекнувачот.
Омекнувачите освен боја и мирис содржат и средтства за конзервирање, а еден од нив е и озлогласениот формалдехид што предизвикува алергии, па дури и рак, па тoкму затоа постои предупредување дека не треба да ја јадеме кората на лимонот. Но, досега никој не не’ предупредил дека не треба да користиме омекнувачи поради него.
Поради сето погоре наведено можеби би сакале да се свртите кон природата и самите да направите еден природен омекнувач. Состојките се мошне едноставни. Потребно ви е сода бикарбона и тоа онаа без алуминиум, вода, етерично масло и оцет.
Состојки:
- 100 грама сода бикарбона
- 1, 5 до 2 дл топла вода
- 800 мл алкохолен или јаболков оцет
- Етерично масло (по желба) околу 20-тина капки
Постапка:
Земете поголем пластичен сад од 3 до 5 литри (поради тоа што состојките прават пена). Во садот измешајте ја водата, оцетот и содата. Бидете подготвени на хемиската реакција на овие состојки, ќе се направи многу пена.
Кога ќе се смири течноста, ставете ја во стаклен сад, што во иднина ќе ви служи само за омекнувач.
Додадете неколку капки етерично масло по желба, затворете го садот и добро протресете го.
Дополнителен совет:
Пред секоја употреба добро протресете го природниот омекнувач. Користете најмногу до четири лажици од смесата на секое перење.