![масло-од-кантарион](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/maslo-od-kantarion.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Кантарионот е добро познат лек за разни болести. Расте во пасишта, ливади, и карпести гребени, а цвета од мај до август, во зависност од климата…
Кантарион маслото се подготвува од свежа билка. Размерот е 100 г цветови на литар масло.
Се подготвува со ладно цедено квалитетно масло од кое најчесто се препорачува маслиновото.
Оставете ги цветовите да отстојат преку ноќ, а потоа следете ја следнава постапка:
- Ставете ги во проѕирно стаклено шише и прелијте ги со маслото.
- Прекријте го шишето со газа и врзете ја со гумичка.
- Оставете да отстои 40 дена на сонце, повремено проверувајќи дали сите цветови се со маслото.
- По четириесеттиот ден, добро исцедете го маслото со цвеќето низ газата и притиснете ги цветовите за да пуштат од маслото што го впиле.
- Соберете го во темни шишенца и затворете ги убаво.
- Не оставајте го маслото да стои во фрижидер.
Квалитетното кантарион масло има темна црвена боја, понекогаш со виолетови нијанси.