Направете си дома медени срца

Доколку сте љубител на медените срциња, еве ви можност да ги подготвите во домашни услови.

Потребни ви се ½ килограм брашно, 300 грама шеќер, 300 милилитри млеко, 18 лажици мармалад, 2 мали лажички сода бикарбона, 2 мали лажици цимет, 300 грама чоколадо.

Тестото се подготвува така што брашното, шеќеро, млекото, сода бикарбоната, циметот и 10 лажички мармалад се мешаат. Тестото се преполовува и се става да се пече. Малку се запечува и се става филот.

Фил

Во подлабок сад се ставаат 200 грама чоколадо и 8 лажици мармалад. Садот се става на умерен оган и смесата се вари додека не се изедначи.

Откако ќе го нанесете филот врз првата половина од тестото, врз него се става втората половина од тестото и се пече на температура од 180 степени 20-25 минути.