
Доколку ви останал леб од претходниот ден, немојте да го фрлајте. Направете ја оваа прекрасна закуска – погача од стар леб.
За ова јадење потребни ви се околу 800 грама ста леб, 150 милилитри млеко, 500 милилитри јогурт, 2 јајца, 1 лажичка сол, 1 лажичка рендан пармезан, на врвот од лажичката малку сода бикарбона, 1 лажица путер за премачкување на тавата, сусам, ким или пак ленено семе по желба.
Начин на подготовка:
Лебот се сече на коцки и постепено се прелива со млекото. Мешајте, а кога смесата ќе стане тврда и мокра, престанете со додавање на млеко.
Изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот, солта, пармезанот и сода бикарбоната. Матете додека не добиете хомогена смеса. Додадете го лебот и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.
Тавата во која ќе ја печете погачата убаво премачкајте ја со путер и распоредете ја смесата. Посипете со малку масло и на крај со сусам или пак со други семку по желба.
Ставе да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути, додека убаво не порумени.
Добар апетит!