Наредена обдукција на сопружниците чии тела со повреди беа најдени во Табанавце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица.

Починати пронајдени се маж и жена на возраст од 43 и 36 години.

„Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место“, информираат од Обвинителството.

Како што претходно во вторникот соопшти Министерството за внатрешни работи, де лица починати, со повреди, пронајдени се во нивниот дом во кумановското село Табановце.

„Денеска во 8,20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од село Табановце“, соопштија од МВР.

Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.