![seker jajca oriz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/seker-jajca-oriz.jpg?resize=696%2C356&ssl=1)
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шекерот, јајцата и оризот.
Се уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот.
-Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.