Наредниве денови не очекува заладување и снег

Утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на студена воздушна маса која брзо ќе се спушта од север со умерен повремено засилен северен ветер, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата. Врнежите од дожд и снег ќе започнат од запад и северозапад и кон крајот на денот на повеќето пониски места, ќе преминуваат во снег и ќе се формира тенка снежна покривка. На планините врнежите ќе бидат само од снег. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта, а во сабота претпладне врнежи ќе има уште само на исток од земјава.

Од недела до вторник следува период на студено време со повремен снег. Утринската темпаратура ќе биде претежно во интевалал од -7 до 0, а дневната ќе се движи од -5 до 2 степена. Поинтензивни врнежи се очекуваат во недела ноќта кон понеделник, кога на планините ќе се формира значителна снежна покривка.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и многу студено време со умерен северен ветер.