Соединетите држави и Велика Британија учествуваат во обука на сили за изведување специјални операции за диверзии против Русија, изјави директорот на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин и ги оцени како многу опасни повиците на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање војници од земјите на НАТО на боиштето во Украина.
„Американците, особено Британците, учествуваа и учествуваат во обуката на сили за специјални операции и разузнавачите за изведување субверзивни акции“ против Русија, вели Наришкин во интервју за емисијата „ноќта кон средата во интервјуто за емисијата „Соловьев Live“ од кое фрагменти беа емитувани ноќта кон средата на првиот канал на државната телевизија.
Како пример за таквите активности на „Англосаксонците“ против руските интереси, го спомна кревањето во воздух на три од четирите цевководи на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 на 26-ти септември 2022 година во водите во близина на данскиот остров Борнхолм.
Кога станува збор за САД, тие создаваат широка разузнавачка мрежа и на територијата на Украина и во други земји, особено во оние кои граничат со Русија, истакнува Наришкин, според фрагментите емитувани на каналот Россия 1.
„Очигледен е фактот дека американските разузнавачки служби учествувале и учествуваат во подготовките и планирањата на припадниците на украинските специјални служби“, вели челникот на разузнавањето на Русија.
Кон крајот на февруари, весникот The New York Times објави, повикувајќи се на активни и поранешни американски функционери во Европа и Украина, дека изминатите осум години Вашингтон со поддршка на Централната разузнавачка агенција (CIA) формирал 12 тајни објекти на украинска територија во близина на границата со Русија. Меѓу другото, беше наведено дека американските претставници тесно соработувале со сегашниот началник на Главната управа за разузнавање (ГУР) при украинското Министерство за одбрана. Покај тоа, таму на тие локации била изведувана обука на шпиони кои делувале во Русија, Европа, на Куба и на други места каде што има руски интереси.
Европа без преговарачки капацитети
„Коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за можното распоредување на трупи на НАТО во Украина го туркаат светот на работ на нуклеарна војна“, вели шефот на руската разузнавачка служба.
Макрон минатата седмица рече дека европските држави би можеле да испратат војници во Украина, иако предупреди дека во оваа фаза нема консензус. Соединетите држави и клучните европски сојузници реагираа дека немаат намера да испраќаат копнени трупи во Украина, иако Москва тврди дека нивните активни војници, под разни изговори – со наводно дадени откази во своите армии или како доброволци – се присутни во Украина уште од 2014 година.
„Ова го покажува високиот степен на неодговорност на денешните европски лидери, во овој случај претседателот на Франција“, вели Наришкин во интервјуто.
Откако беше домаќин на конференција на околу дваесеттина челници на европски земји и претствник на САД, Макрон призна дека нема консензус за испраќање западни трупи во Украина, но рече дека опцијата не може да се исклучи за да се осигура дека Русија нема да победи.
„Тажно е да се види, да се набљудува и да се разбере дека преговарачката способност на сегашните елити во Европа и на Северниот Атлантик е на многу ниско ниво“, додаде Наришкин.