СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот Н.Т. од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и шприц со смола од хашиш.
Претходно во четвртокот Министерството за внатрешни работи информираше дека околу 10 часот, службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода 34-годишниот Б.Ѓ. од Куманово.
При преглед во неговото возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки била пронајдена марихуана, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.