Народот излезе во одбрана на името Македонија

Во 13 часот на плоштадот „Македонија“, во Скопје, започна протест во организација на движењето „Нашето име е наше право“.

Протестот е во организација на движењето „Нашето име е наше право“.

На протестот ќе биде изразено незадоволство од, како што пишува, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

ФОТО: А. ИВАНОВСКИ (Република)