Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по извесната победа на парламентарните избори од изборниот штаб порача дека СДСМ и ДУИ че одговараат, како што рече, до последен за сторениот криминал и неправда.
– Вечерва конечно се поразени. Поразени се и предавствата и поделбите. Тие стотина луѓе од СДСМ и ДУИ нив денес ги боли главата – има и зошто, ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал мора да одговара според правда и закони, рече Мицкоски.
Лидерот на коалицијата „Македонија повторно твоја“ додаде дека поразен е и бојкотот на бојкотот на ДУИ.
– Народот покажа дека поединци можат да создаваат кризи и да се штитат преку институции. Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себе си. Време е да одат заедно со СДСМ во опозицијата. Народот си ја спаси државата. Оваа генерација има можност да создаде ново поглавје во која Македонија ќе биде ваша, рече Мицкоски.
Во првите 100 дена најави, како што кажа тој, добри вести за граѓаните и македонската економија. До идните функционери од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ им порача да не го заборават народот и дека ќе им служат на сите без поделби.
Тој додаде дека ДУИ се бојкотирала сама себе и покажала дека најмалку е партија која се грижи за државата и дека денес ВМРО-ДПМНЕ има двојна победа.
„ДУИ покажа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија. Време е да одат заедно со СДСМ во опозиција. Ја паметам секоја моја реченица и секоја подадена рака. Горд сум на народот кој покажа дека ничија свеќа не гори до зори. Кога се качуваш по скалите никогаш не заборавајте ги оние кои си ги сретнал по патот. Ни на крај памет да не ви падне да го заборавите народот. Народот очекува резултати. Нема да е лесно, но ова денес е показател дека заедно ќе успееме“, додаде Мицкоски.