Граѓаните со порака: Оваа држава има народ да ја брани Македонија!

„Нема да дозволиме да нè поделите!“, „Прифатете ја понудата која ќе ја спаси Македонија“, „Нема да ви помине“, „Оваа држава има народ да ја брани Македонија“ беа само дел од пораките кои вечерва ги испратија граѓаните кои маршираа од Владата до Собранието во поддршка за унитарна и заедничка Македонија.

za-nasl-1-640x558

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

zaev-mak

Маршот започна од пред Владата на Републка Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието на РМ.

mars-3-1

vtoras

Во прогласот, исто така, се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се отстапува.

mars-4

za-nasl-1-640x558

– Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден, рече Дурловски.

vtoras

mars-1-1

 

Богдан Илиевски, од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија рече дека нема да дозволат разделување на црвената и жолтата од македонското знаме, затоа нивниот симбол ќе биде спојување на црвената и жолтата, односно, како што рече, црвено-жолтата линија што нема да ја поминат.

Од Здружението најавија дека протестот ќе продолжи и утре.