Во петокот вечерта во близина на Земјата ќе прелета астериодот 2018 CB, сличен според своите димензии на познатиот Челјабински метеорит, но неговот доближување до планетата нема да претставува опасност, смета експерт на америкската агенција за вселенски истражувања NASA.
„Астероидот со слични димензии многу ретко ѝ се доближуваат на Земјата, еднаш или двапати годишно. И додека средбата на планетата и астероидот нема да предизвика сериозна закана за нас, таа уште еднаш потсетува дека астероидите може да летаат на многи мали растојанија до Земјата. Исклучително важно за нас е да го откриваме тоа пред тоа да се случи“, вели Пол Чодас, од Лабораторијата за реактивни движеа на NASA во Пасадена, кого го цитира порталот Phys.org.
Споменатиот атсероид беше откриен на почетокот од седмицава од астрномите вклучени во проектот „Catalina Sky Survey“, за истражување на ноќното небо со помош на телескопот G34 во германски Оберфруендорф. Според сегашните процени на планетолозите, неговиот дијаметар изнесува меѓу 12 и 38 метри, што го прави сроднилк на ткн Челјабински метеорит.
Денеска вечер, околу 20,30 часот по македонско време, астероидот ќе се доближи до Земјата и ќе прелета на само 70.000 километри од површната на планетата. Според моменталните процени на NASA, шансите за негов судар со Земјата се минимални, и не постои закана од катастрофа слична на онаа што се случи на небото над рускиот град Челјабинск во февруари 2013 година.
Како што истакнува Чодас, овој астероид не е вклучен во каталогот РНА, односно листата со вселенски објекти потенцијално опасни по животот на Земјата. За да влезе на листата PHA (Potentially hazardous asteroids), небеското тело мора да се приближи на Земјата на растојание од најмалку 8 милиони километри и да биде доволно големо за а не се распадне при минување низ атмосфрата и да предизвика катастрофа со најмалку регионални димензии.
Челјабинск беше погоден од дожд од метеори при што беа искршени илјадници прозорци и беа оштетени повеќе градби. Стотици луѓе претпреа полесни телесни повреди. Експертите од американската агенција за вселенски истражувања NASA тогаш ги прецизираа пресметките за параметрите на вселенското тело кое падна рускиот град, при што дојдоа до заклучок дека објектот бил многу поголем, а предизвиканата експлозија помоќна отколку што се мислеше – 0,5 мегатони, што е 30 пати повеќе моќноста од атомската бомба фрлена врз Хоришима.