Меѓународната вселенска станица (ISS), којашто функционира првенствено благодарејќи на Русија и САД, засега не трпи поради крајните тензии кои владеат меѓу двете земји по руските воени активности во Украина, соопшти американската агенција за вселенски истражување NASA.
Меѓутоа, NASA сепак работи на решенија коишто ќе овозможат Меѓународната всленска станица да остане во орбитата и откако Русија ќе се повлече од проектот.
Овој проект треба да заврши во 2024 година, а Русија претходните години објави дека излегува од проектот во 2025 година. Русија ги продлабочува врските со Кина во Вселената откако САД со наметнувањето на стотиците санкции изминатите години со кои се опфатени и руските технолошки и вселенски програми се обидуваат да добијат примат во оваа сфера. Така Москва одби да учествува во американската програма „Artemis“ за истражувања на Месечината и одлучи да му се приклучи на Пекинг во истражувањата на природниот сателит на Земјата следните години.
„Моментално работиме мирно во Вселената. На оперативно ниво немаме никакви сигнали дека нашите колеги не би учествувале во продолжувањето на операциите кои се водат на ISS“, изјави во понеделникот Кети Лудерс, придружена администраторка на NASA во моментите кога Русија е подложена на нови жестоки санкци од Западот предводен од САД.
Американскиот и рускиот тим „и натаму разговараат“, „и натаму соработуваат“ и „работат исто како и пред три седмици“, истакнува Лудрес. Но додава дека NASA продолжува да ја „следи ситауцијата“.
Русија е неопходна за доброто функционирање на ISS, бидејќи погонскиот систем на орбиталната станица кој овомзожува подесување на траекторијата се потпира на руските ракети.
„Гледаме како би можеле да додадеме други капацитети“, вели сепак Луедерс потсетувајќи дека компанијата „Northrop Grumman“ во моментов преговара со „SpaceX“, чиишто ракети веќе патуваат до ISS.
„Размислувавме за тоа како да постигнеме оперативна прилагодливост. Но моментално би ни било многу тешко да работиме сами и таквата можност за сите нас би била тажен ден“, истакнала.
Минатата седмица директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, ги обвини САД дека сакаат да ја уништат соработката на ISS.
„Без Русија кој би ја спасил ISS од неконтролирано скршнување од траекторијата и од нејзин пад врз САД или врз Европа“, објави Рогозин на Twitter.
Сопственикот на „SpeceX“, Илон Маск, реагираше на тоа без коментар само со обајвување на логото на неговата компанија.
Имајќи предвид дека на Русија ѝ се наметнати и санкции од Европската унија и Роскосмос викендов соопшти дека се повлекува од лансирањата од базата Кури во Француска Гвајана.